ЕМБ (European Milk Board, Европска управа за млеко) ја повикува Европската комисија итно да подготви програма за помош на млечната индустрија.
Од ЕМБ наведуваат дека притисоците се предизвикани од пандемијата со вирусот корона, а тука се вклучени и тешкотиите при набавката и логистиката што влијаат на преработката на млекото, недостигот од работници и падот на продажбата на некои производи. Тоа значи дека во многу региони низ Европа производството на млеко на фармите ја надминува моменталната потреба и капацитет на пазарот.
Предложената програма за намалување на волуменот би им овозможила на сточарите колективно намалување на производството на фармите и би била активирана ако ситуацијата и понатаму се влошува, како што и се прогнозира.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.