Свет

„Лидл“ ги отстранува производите на “Данон“ од своите полици

11 Mar 2020

Германскиот трговски синџир „Лидл“ ги отстранува производите на компанијата „Данон“ од полиците во своите маркети во Франција, затоа што двете компании не успеале да постигнат договор за цените.

Мишел Биеро, директор за продажба во „Лидл“ во Франција, изјави дека проблемот не е само во цените.

Поради недостаток на транспарентност, одлучивме да ги тргнеме тие производи. За да им овозможиме адекватно плаќање на земјоделците, мораме да знаеме колку млеко користи производителот за да направи јогурт, а од „Данон“ не сакаат да споделат вакви информации со нас, изјави Биеро.  

Прекинот на соработката нема да биде голем удар за „Данон“, бидејќи „Лидл“ им претставува само еден отсто од вкупниот обем на продажба. 

Ги прочитавме нивните ставови и сме зачудени од причините за прекин на деловниот однос, соопштија од „Данон“. 

Интересно е дека „Лидл“ неодамна одлучи да откупи 30 милиони литри млеко од фармерите кои обично соработуваат со „Данон“, и тие количини планира да ги искористи за сопствениот бренд Envia. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...