Свет

„Лидл“ воведува „храна за носење“ во Шпанија

03 Mar 2020

Германскиот дисконтер „Лидл“ во Шпанија го лансира пилот-проектот Listo para comer (подготвено за јадење), кој е нова линија „храна за носење“.

Сите 14 производи од линијата се свежо приготвени и од локални состојки. Ладната програма се состои од салати и оброци за загревање (паеља и тестенини), додека топлата вклучува хамбургери, нагети и вегетаријански врапови.

Засега Listo para comer се тестира во четири продавници, а планот е да се воведе во сите нови што ќе се отворат.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...