Свет

„Едека“ и „Реве“ експериментираат со иновации без пластика

02 Mar 2020

Германските трговци „Едека“ и „Риве“ бараат начини за намалување на пластичните пакувања на овошјето и на зеленчукот.

И двата трговски синџира соработуваат со меѓународни компании за да ги заменат пластичните обвивки за храна со многу тенок спреј, кој е заштитен слој што може да се јаде.

„Едека“ ја прифати иновацијата на „Апил сајнсис“ – заштитната облога Apeel, која формира микроклима околу секое парче овошје или зеленчук и го забавува нивното биолошко распаѓање. Слојот ја забавува загубата на вода и навлегувањето на кислород во плодот, со што им овозможува на производите да останат свежи два до трипати подолго. Apeel се тестира на авокадо во неколку продавници.

И „Реве“ тетстира заштитна обвивка за авокадо. Таа е направена од природен шеќер, целулоза и растителни масла и е развиена од британската компанија „Агрикоат нејчрстил“. Авокадото со новата заштитна обвивка се продава во 860 супермаркети.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...