Свет

„Сеинсберис“ склучи партнерство со „Колс“

30 Jan 2020

Вториот најголем британски трговец „Сеинсберис“ влегува на пазарот на Австралија.

„Сеинсберис“ договори партнерство со синџирот „Колс“, кој е водечки трговец на австралискиот пазар, со повеќе од 2.400 продажни места. Од почетокот на годинава производите на британскиот синџир се веќе присутни на полиците на „Колс“ низ целиот континент.

Асортиманот е означен со трговската марка на „Колс“, а го сочинуваат спакувани намирници и производи за домаќинството. Според објавените извештаи, австралискиот трговец има намера да го зголеми уделот на сопствената трговска марка во продажбата на 40%, односно за 10% повеќе од моменталниот удел.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...