Дисконтерот „Лидл“ тестира нови електронски етикети на полиците на своите продавници во Германија, Франција, Швајцарија, Бугарија и Литванија.
Етикетите првично се поставени во одделите за овошје и зеленчук и на производите на промоција, бидејќи цените на овие производи многу често се менуваат.
Целта е да се овозможи побрза услуга и побрза испорака на стока. Исто така, користењето електронски етикети значително може да заштеди материјални ресурси, бидејќи овој начин на обележување и многу поевтин од стандардниот начин, соопштија од компанијата.
Цените од електронските етикети се поврзани со главниот систем, од каде на едноставен начин можат да се модифицираат или да се дополнат со дополнителни називи на брендови, количина и содржина. Освен тоа, купувачите можат да користат паметни телефони и со помош на QR код да дознаат повеќе информации за бараните производи.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.