Свет

На пазарот има повеќе фалсификат отколку оригинал пармезан

10 Dec 2019

Производството на фалсификати го надмина количеството на оригиналниот пармезан (Parmigiano-Reggiano и Grana Padano), објави италијанската асоцијација на производители „Колдирети“.

Од асоцијацијата истакнуваат дека голем број производители од САД, Австралија, Јужна Африка, Јужна Америка и од Русија прават копии на пармезанот наменети за глобалниот пазар на храна. Според италијанските производители, годишно се произведуваат 204 милиони килограми пармезан, од кои само 1% на американскиот пазар е од италијанско потекло.

„Колдирети“ во извештајот наведува дека глобалниот пазар на фалсификувани производи од италијанско потекло вреди околу 100 милијарди евра.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...