Свет

„Теско“ лансира нова програма за лојалност

29 Nov 2019

Британскиот трговски синџир „Теско“ наскоро почнува со нова програма за лојалност, наречена „Клубкард плус“, најавија од компанијата.  

Програмата се состои во тоа што членовите кои плаќаат месечен надомест од 7,99 фунти ќе добијат награди кои вклучуваат 10 отсто попуст на одредени брендови. 

Заштедата, врз основа на „Клубкард плус“, ќе зависи од тоа колку купувачот вообичаено троши во маркетите на „Теско“ во текот на еден месец. Ако купувачот потроши 100 фунти во шопинг два пати месечно, за сите корисници на „Клубкард плус“ заштедата би била по 10 фунти на секое купување. 
 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...