Свет

Во Австралија се отвори супермаркет за „спасена“ храна

13 Aug 2019

Врз основа на моделот „земете го тоа што ви треба, дајте ако можете“ во Кенсингтон, Австралија, се отвори супермаркет за „спасена“ храна.  

Во него гордо се наредени зрели домати што инаку би завршиле на депонија, постари моркови, банани...Оваа пробна продавница за храна функционира надвор од досега познатите модели за продажба и има две цели: да се справи со отпадот од храна и да се бори против гладот. Сè е бесплатно за оние кои не можат да си дозволат да платат за тоа. 

Продавницата складира широк спектар на производи: овошје и зеленчук, леб, конзервирана храна, замрзнати оброци, пијалоци... Полиците изгледаат различно секоја недела, во зависност од тоа кој вид храна е „спасен“. Маркетот ги охрабрува потрошувачите да донираат и производи што ги имаат дома,а не им се потребни.

Секој пат кога ќе заштедиме добра храна, помагаме на планетата. Секој пат кога ќе ја земеме таа храна и ќе нахраниме гладни луѓе, се справуваме со социјалните проблеми, соопштија од супермаркетот.  

Според плановите, вакви маркети ќе се отворат во Сиднеј и во други градови во Австралија. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...