Свет

„Волмарт“ користи вештачка интелигенција за да спречи кражби

25 Jun 2019

Американскиот продажен синџир „Волмарт“ користи компјутерска визија за да се следи што се случува низ маркетите и да спречи евентуални кражби. 

Синџирот ја инсталира оваа технологија во повеќе од 1.000 продавници. 

Камерите ги анализираат активностите како на касата со касиер, така и онаму каде купувачите сами пријавуваат што купиле. Штом компјутерот ќе забележи непријавен производ, веднаш праќа информација до вработените да реагираат. 

Од „Волмарт“ соопштија дека загуба на производи, кражба или други грешки се значително намалени откако го користат овој тип вештачка интелегенција. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...