Свет

Штрајк во најголемата фабрика за Nutella

05 Jun 2019

Производството на кремот Nutella во најголемата фабрика во светот која се наоѓа во северниот дел на Франција, е блокирано веќе една недела поради штрајк на работниците, кои бараат повисоки плати, објавија претставници на синдикатот.

Во фабриката на италијанскиот „Фереро“, кој го поседува брендот Nutella, се произведуваат 600.000 тегли секој ден. Toa e една четвртина од вкупното производство на популарниот крем од чоколадо и лешник. 

Пред една недела, 160 работници во фабриката во северниот дел на Франција почнаа штрајк. 

Ниту еден камион оттогаш не влезе ниту пак излезе од фабриката, изјави Фабрис Каншел од синдикатот на работниците.

Работниците бараат зголемување на платата за 4,5 проценти и бонус од 900 евра. Менаџментот понуди само 0,4 проценти повисока плата.

„Фереро Франција“ соопшти дека се вклучени во „шестдневни дискусии, но синдикатот одбил сè“. Од компанијата најавуваат разврска на случајот на суд.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...