Свет

„Жолтите елеци“ им наштетуваат на трговците

04 Mar 2019

Протестите на потрошувачите од „жолтите елеци“ во Франција ги погодуваат трговците.

„Карфур“ соопшти дека протестите биле еден од факторите за намалување на продажбата „вредност за вредност“ (like-for-like) на матичниот пазар за 0,1% во четвртиот квартал од финансиската година. Притоа, најзасегнати од протестите на „жолтите елеци“ биле хипермаркетите, во кои продажбата „вредност за вредност“ се намалила за 2,2%.

„Казино“, исто така, соопшти дека продажбата е пониска како резултат на тековните антивладини протести во земјата.

Иако некои аналитичари очекуваа дека протестите ќе ја зголемат продажбата на интернет, сепак, тоа не се случи. Продажбата на е-трговијата во декември 2018 година изнесувала 11% од вкупниот малопродажен пазар, во споредба со 14% колку што изнесувала во декември 2017 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...