Свет

„Унилевер“ го купи стартапот за здрава храна „Грејз“

11 Feb 2019

Британско - холандскиот гигант „Унилевер“ го купи стартапот за производство на здрава храна „Грејз“. 

Вредноста на зделката не е обелоденета, но се проценува дека продажната сума е 193,5 милиони долари. 

 „Грејз“ е британски старт-ап кој беше основан во 2008 година. Тој не само што им нуди здрава храна на потрошувачите, туку креира и здрави листи на јадења за секој од нив. 

Во „Грејз“ сметаат дека тоа што ги купи компанија како „Унилевер“ е одлична шанса за напредок на бизнисот во секоја насока. Од „Унилевер“, пак, изјавија дека ќе имаат корист од експертизата и искуството на „Грејз“ во електронската трговија и ќе можат да им понудат здрава храна на што поголем број купувачи. 

„Унилевер“ има одлична репутација на компанија која купува помали брендови за да им помогне. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...