Свет

„Алди норд“ назначи нов извршен директор

11 Nov 2018

Северното крило на „Алди“ го назначи Торстен Хуфнагел за главен извршен директор, непосредно по заминувањето на претходниот извршен директор Марк Хосингер.

Од 2015 година Хуфнагел му беше заменик на Хосингер во „Алди норд“ и беше една од водечките фигури во програмата за модернизација на продавниците, наречена ANIKo (Aldi Nord in-store concept).

Според аналитичарите, назначувањето на Хуфнагел како извршен директор е јасен сигнал дека модернизација на „Алди норд“ ќе продолжи и можеби дури и ќе се забрза. Трговецот планира да ги реновира сите 2.250 продавници во Германија до следната година, а потоа да се фокусира и на 2.400 продавници на други пазари.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...