Свет

„Фереро“ вработува 60 дегустатори

10 Oct 2018

Италијанската компанија „Фереро“ распиша оглас за вработување 60 луѓе, чија задача ќе биде да ги јадат и да ги оценуваат слатките производи на компанијата.

Во описот на огласот стои дека дегустаторите ќе пробуваат и какао, лешник во прав и други полупроизводи.

Избраните кандидати ќе поминат тримесечeн платен тренинг за тоа како да препознаат мирис и вкус, како и да ја унапредат можноста да го изразат со зборови тоа што ќе го увидат во текот на дегустацијата на производите. По тренингот, најуспешните кандидати ќе добијат ангажман од по четири часа неделно. 

„Фереро“ ја произведува познатата Nutella.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...