Цените на храната на светско ниво паднаа во септември во однос на август, при што порасна само цената на шеќерот, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации (ФАО).
Ценовниот индекс што го пресметува ФАО и што ги мери промените во цените во корпа со производи (житарки, маслодајни растенија, млечни производи, месо и шеќер) изнесуваше во просек 164,5 поени во септември, наспроти 167,7 поени во август.
Од ФАО прогнозираат дека глобалното производство на житарки во 2018 година ќе биде 2,59 милијарди тони, што е за три милиони тони повеќе во споредба со претходната прогноза изнесена во септември, но и натаму е за 63 милиони тони или 2,4 отсто пониска во однос на рекордното ниво на производство регистрирано во 2017 година.
Проекцијата на ФАО за светското производство на пченица во оваа година е речиси непроменета – изнесува 722,4 милиони тони, што е најмало производство од 2013 година.
Се вчитува следна вест...