Свет

Британската влада забранува продажба на енергетски пијалаци за малолетници

30 Aug 2018

Продажбата на енергетски пијалаци на лица помлади од 18 години би можела да биде забранета во Велика Британија поради стравувањата дека се штетни за здравјето на децата.

Тамошната Влада одлучи да покрене јавна расправа за својот план да ја забрани продажбата на енергетски пијалоци за малолетници, пренесе „Би-би-си“.

Енергетските пијалаци содржат големо количество шеќери и кофеин кои се потенцијални предизвикувачи на здравствени проблеми. Шкотска, Северна Ирска и Велс имаат дозвола да воведат сопствени правила за ова прашање.

Истражувањата покажале дека младите во Велика Британија се меѓу најчестите потрошувачи на енергетски пијалаци во Европа. Нивната претерана консумација е поврзана со болест на забите, главоболки, проблеми со спиењето, болки во стомакот и хиперактивност.

Илјадници млади редовно појат енергетски пијалаци, често затоа што тие се поевтини од другите и затоа ќе се советуваме за забрана да се продаваат на деца. Нашите деца веќе консумираат 50 отсто повеќе такви пијалаци од другите деца во Европа, а наставниците предупредуваат и на загрижувачка врска на овие пијалаци со лошото однесување во училиште, изјави Меј.

Забраната би се однесувала на производи што содржат 150 и повеќе милиграми кофеин на литар пијалок.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...