Свет

Декларациите на производите го штитат здравјето на потрошувачите

30 Aug 2018

Потрошувачите денес сакаат да знаат што купуваат. Прецизните информации за производите им помагаат да донесат одлуки кога купуваат и кога даваат доверба на некој бренд – особено кога станува збор за храната. 

За ова се свесни и бројните производители на храна кои настојуваат да ги унапредат своите производи развивајќи кај потрошувачите свест за промена на своите навики на подобро.

На пример, компанијата „Марс", производител на светски познати брендови храна за луѓе и за домашни миленици, уште во 2007 година меѓу првите ги подигна маркетинг стандардите на повисоко ниво, свесна за своето влијание ширум светот. Тие, меѓу другото, се однесуваат на нутритивни информации, пакување, начин на промоција. 

Од компанијата велат дека сто отсто од производите денес ја исполнуваат обврската на предниот дел на амбалажата да имаат нутритивна декларација која јасно го означува бројот на калории, количината на натриум, шеќери, масти и заситени масти по оброк. Како додаток на декларациите на пакувањето, информациите за нутритивните вредности на производите се достапни и на интернет.

Во 2016 година, компанијата најави уште еден амбициозен план под мотото „Подобра храна денес. Подобар свет утре".  Станува збор за милијарди заеднички оброци до 2021 година ширум светот. Со овој план, водечките брендови на „Марс" покренуваат глобална акција со која ги инспирираат потрошувачите и соработниците да готват здрави оброци брзо и едноставно, собирајќи ги блиските на заедничка трпеза, што стана заборавена традиција. До сега се доставени 400 милиони здрави оброци, дефинирани по препорака за исхрана од Светската здравствена организација (СЗО). 

Денес, 72 отсто од производите ги задоволуваат потребите на СЗО во врска со бројот на калории, додаден шеќер, натриум и масти, кои се вклучени во „Марс" критериумите за нутриционистичка вредност на храната.Одејќи со сегашното темпо, до 2021 година, 95 отсто од производите ќе ја достигнат оваа цел, најавија од компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...