Свет

„Ипсос“ купува дел од работењето на ГфК

01 Aug 2018
„Ипсос" постигна договор со досегашниот конкурент ГфК за преземање на четири клучни сегменти на работењето на глобално ниво.
 
Агенциите за истражување на пазарот и мислењето, „Ипсос" и ГфК постигнаа договор според кој „Ипсос", на глобално ниво, ќе преземе четири сегменти од работењето на досегашниот конкурент: задоволство на корисниците, здравство, истражување на иновации и јавни работи. 
 
Еден од условите за аквизицијата е преземањето на 1.000 експерти од ГфК, истражувачи и вработени од 25 земји, каде работи ГфК. 
 

Задоволни сме со купувањето на четирите клучни сектори од работењето на ГфК, која работи веќе 25 години. Договорот е воден од нашиот фокус на нудење најдобри можни услуги на клиентите и од нашата амбиција да станеме посилни во споменатите сектори. Ова е важно за реализацијата на нашиот план да бидеме што е можно поблиску до потребите на клиентите и за јакнење на „Ипсос" на глобално ниво, изјави Дидије Трухо, оснивач и директор на „Ипсос". 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...