Свет

Coca-Cola поскапува поради царините

31 Jul 2018
Порастот на трошоците е една од причините за поскапување на цената на пијалците од компанијата „Кока-кола".
 
Извршниот директор на компанијата „Кока-кола", Џејмс Квинси, изјави дека ќе се зголемат цените на Coca-Cola, диеталната Coca-Cola и на другите популарни пијалаци од портфолиото на оваа компанија.
 
За поскапувањето, Квинси делумно го обвинува и претседателот на САД, Доналд Трамп, кој воведе царини за челик и алуминиум, што предизвика воведување на дополнителни давачки и од другите земји.

Дополнително, порастот на трошоците за производство доведе до зголемување на цените, истакна Квинси.


 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...