Францускиот трговски синџир „Казино" и козметичкиот гигант „Лореал" најавија заедничко лансирање на синџир продавници во Париз за продажба на производи од сегментот убавина и нега.
Неодамна, „Казино" извести за тешкотиите во работењето со кои се соочува поради сè поголемата конкуренција од страна на интернет-ривалите, а овој потег, аналитичарите го толкуваат како обид на трговецот да ги врати потрошувачите.
„Казино" и „Лореал" во заедничко соопштение ги најавија новите продавници, кои во понудата ќе имаат различни производи за убавина и за нега, а во нивните рамки ќе работи и аптека. Првите два објекта е најавено дека ќе бидат отворени до крајот на месецов, во шестиот и во деветтиот арондисман од Париз.
Извор: www.esmmagazine.com
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.