„Карфур“ забележа бруто раст на продажбата од 9,9% во финансиската 2024 година, додека нето-продажбите изнесуваат 85,4 милијарди евра. Бруто маржата беше 19,9%, што претставува пад од 11 базични поени, додека прилагодената добивка по акција беше 1,61 евро, наспроти 1,71 евро една година порано. Нето слободниот готовински тек изнесуваше 1.457 милиони евра, во согласност со повеќегодишната цел на компанијата.
Продажбата во Франција во 2024 година има за 2,3%. Продажбата на прехранбени производи во овој период е намалена за 1,6%, а на непрехранбени производи за 8,1%. Оперативната добивка се зголеми за 5,5%, достигнувајќи 1,04 милијарди евра во споредба со 988 милиони евра во 2023 година. Во исто време, „Карфур“ – Франција, постави нов рекорд со 454 нови продавници отворени во текот на 2024 година.
Продажбата во Европа (без Франција) падна за 0,9%, додека оперативниот профит падна од 604 милиони во 2023 година на 397 милиони евра.
Продажбата во Јужна Америка се зголеми за 38,1%, при што оперативната добивка се зголеми за 15,2%, достигнувајќи 879 милиони евра во споредба со 763 милиони евра во 2023 година.
Годината беше одбележана и со преземањето на брендовите Cora и Match во Франција, кои беа затворени на 1 јули 2024 година, како и купувањето на 27 поранешни продавници на „Казино“.
Во 2024 година, во пазарно опкружување сè уште погодено од периоди на инфлација, „Карфур“ ја зајакна својата конкурентност, комерцијален моментум и профитабилност во своите клучни држави. Влегуваме во 2025 година со доверба и одлучност да го забрзаме растот во нашите клучни држави и деловни сегменти, рече Александар Бомпард, претседател и извршен директор на „Карфур“.
Извор/Фото: InStore.rs
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.