Свет

Велика Британија: „Алди“ го проширува својот асортиман на готови јадења

17 Jan 2025

„Алди“ претстави три новитети како дел од својот асортиман на приватната трговска марка Inspired Cuisine.

Асортиманот на Inspired Cuisine моментално има над 30 производи кои се инспирирани од различни интернационални кујни, па така потрошувачите, помеѓу другото, ќе можат да изберат пилешко на индиски (Тика Масала), бенгалски (Јалфрези) и кинески (Чов меин) начин.  

На асортиманот сега се придружуваат три јадења инспирирани од јапонската кујна - рамен со чили и кокос, мисо рамен со пилешко и ѓумбир и мисо рамен со пилешко и чили.

Раменот од чили кокос содржи пилешко, тестенини, жолти пиперки, црвен кромид, боранија, кокос, а целото јадење е зачинето со мелени чили пиперки.

Мисо рамен со ѓумбир и пилешко, со помалку од 200 калории и повеќе од 20 грама протеини, им нуди на потрошувачите „совршена комбинација на слатко и солено“, се вели во соопштението на компанијата. Оброкот содржи пилешко, тестенини, моркови, црвен кромид, чили, ѓумбир и едамам грав.

Третиот новитет, мисо рамен со пилешко и чили, содржи пилешко, јуфки, жолт пипер и боранија, а се карактеризира и со мала количина на калории по порција.

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Алди“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...