Компанијата „Метро“ соопшти дека оствариле пораст на продажбата од 14,2% во финансиската година 2023/24 година, која завршува во септември.
Прилагодената ебитда, во локална валута, изнесува 143 милиони евра, што е намалување за 5,9% во однос на претходната година кога изнесуваше 152 милиони евра.
Кога ќе се земе предвид влијанието на девизниот курс, прилагодената ебитда во овој период се зголеми за 13 милиони евра.
Во октомври оваа година, компанијата отвори и трет Центар за работа со B2B клиентите во Русија, зголемувајќи го бројот на клиенти на 380.000. Во наредниот период се планира отворање на слични капацитети и во други градови каде што е присутен трговскиот синџир.
На ниво на групација, пријавените продажби се зголемија за 1,6% на годишно ниво на 31 милијарда евра. Како што објаснуваат од компанијата, продажбата била под силно влијание на негативните валутни ефекти, особено во Русија и Турција. Сепак, сите деловни сегменти придонеле за раст на продажбата. Продажбата во продавниците е зголемена за 2,3% на 22,9 милијарди евра, додека прилагодената ебитда има падна 1,05 милијарди евра во овој период, што е за 67 милиони евра помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Кога се работи за финансиската 2024/25 година, компанијата очекува пораст на продажбата во распон од 3 до 7%, како и поблаг пораст на ебитда.
Извор: Retail.ru
Фото: „Метро“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.