Свет

„Маерск“ го отвори своето прво складиште во Франција

23 Dec 2024

Данската компанија „Маерск“ соопшти дека го отвори своето прво складиште во Франција, во рамките „ГЛП“ паркот во Денен.

Складиштето, кој зафаќа површина од 75.000 метри квадратни, се наоѓа во Комплексот се наоѓа во непосредна близина на градот Лил, во третиот по големина регион во Франција кога станува збор за логистичката индустрија.

Пуштањето во употреба на овој нов објект означува вистинска пресвртница за „Маерск“ во Франција, доведувајќи ја нашата договорна логистика и капацитетите за складирање на овој клучен европски пазар на сосема ново ниво, изјави Мишел Кохонер, регионален директор на „Маерск контракт логистик Еуроп“. 

Новото складиште, кое доби „Бреам“ сертификат, има посебен простор за тешки и лесни возила и е опремен со систем Autodock (автоматизиран систем за приклучување).

Со пуштањето во употреба на магацинот, „Маерск“ сега нуди услуги за складирање и дистрибуција во 15 европски земји.

 

 

Извор: InStore

Фото: „Маерск“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...