Инфлацијата во САД во ноември бележи пораст за 2,7 отсто, додека Федералните резервен систем го разгледува темпото на намалување на каматните стапки.
Овој процент е согласно со очекувањата на економистите кои ги анкетираше „Блумберг“ но е повисок од октомвриската стапка која изнесуваше 2,6 отсто.
Податоците од Бирото за статистика во средата на нагласија загриженоста поради инфлацијата откако имаше зголемување во октомври,пренесува „Фајнешл тајмс“.
Следната недела се очекува бордот на Федералните резерви по трет пат да ги намали каматните стапки за 0,25 отсто, но , но патот следната година е помалку сигурен бидејќи американската Централна банка се бори да ја задржи инфлацијата блиску до 2,0 отсто и да го одржи здрав пазарот на трудот.
На месечно ниво цените се зголемени за 0,3 отсто.
Базичната инфлација, без цените на храната и енергијата, исто така се зголеми за 0,3 отсто месечно, но за 3,3 отсто на меѓугодишно ниво.
Извор: Biznis.rs
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.