Во октомври, продажбата на мало во Германија забележа пад од 1,1% номинално и реално 1,5% во однос на еден месец претходно, објави Државниот завод за статистика „Дестатис“.
Додека продажбата на храна незначително се зголеми во овој период, продажбата на други стоки значително падна, според „Дестатис“.
Конкретно, онлајн продажбата падна за 2,4%. Сепак, на годишна основа, онлајн продажбата забележа раст од 8% во октомври.
Здружението на малопродажните компании (ХДЕ) очекува номинален раст од 1,3 отсто од овогодинешната божиќна сезона, наместо претходно очекуваните 3,5 отсто.
Осврнувајќи се на истражување на 300 малопродажни фирми, „ХДЕ“ изјави дека 80 отсто од нив очекуваат поскромни продажби во ноември и декември.
Трговците не очекуваат повеќе од „стабилен промет“ во последните два месеци од 2024 година. Проценуваат дека во наредната сезона ќе забележат поголем промет со потрошувачка електроника, спортска опрема, играчки, часовници и накит. Очекуваат пад на продажбата на покуќнина, мебел, обувки, кожа, облека и храна.
Извор: dpa
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.