„Хајнекен“ планира да започне со производство во Обединетите Арапски Емирати, што претставува значаен потег за регионот кој долг период имаше ограничувања на продажбата и конзумирањето на алкохол. Првата голема пиварница во Персискиот залив ќе биде изградена во Дубаи.
„Сироко“ е заедничка фирма на „Хајнекен“ и компанијата „Маритиме енд Меркантиле интернашнл“, со седиште во Дубаи, која ќе започне да ја гради пиварницата следната година и веќе ги обезбеди сите неопходни дозволи, соопштуваат од компанијата. Изградбата е предвидена за крајот на 2027 година.
Пиварницата во Дубаи ќе ги произведува брендовите Heineken, Kingfisher, Amstel и Birra Moretti, а компанијата планира да го зголеми бројот на вработени за 190 лица.
„Сироко“ која испорачува алколхол во УАЕ веќе 20 години, соопштува дека производството ќе ја задоволи побарувачката на пазарот кој секоја година го посетуваат речиси 17 милиони туристи.
Oфицијалните власти најпрво дозволија конзумирање и продажба на алкохол во Обединетите Арапски Емирати пред повеќе од две децении, а правилата оттогаш постепено беа олабавени поради порастот на туризмот.
Извор: Biznis.rs
Фото: „Хајнекен“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.