Свет

Холандија: „Хајнекен“ инвестира во нов центар за истражување и развој

18 Nov 2024

„Хајнекен“ го објави почетокот на изградбата на нов центар за истражување и развој во вредност од 45 милиони евра на неговата локација Зоетервуд.

Центарот ќе се простира на површина од 8.800 метри квадратни и ќе вклучува канцеларии, лаборатории, како и одделенија за моделирање, сензорни истражувања и развој на пакување.

Ќе вработува персонал од 12 земји, кои ќе работат на иновации во рамките на светските брендови на компанијата како Heineken, Desperados и Amstel.

Иновациите и технологијата се основата на нашиот успех уште од нашето основање, почнувајќи од нашиот А-квасец, кој го обезбедува уникатниот вкус на Heineken уште од 19 век, до револуцијата во категоријата безалкохолно пиво предводена од Heineken 0.0. Како срце на нашата глобална мрежа за истражување и развој, овој центар отвора нови можности за оптимизација на вкусот и процесот и лансирање на иновативни производи. Центарот претставува клучна пресвртница во реализацијата на нашата стратегија преку која „Хајнекен“ ја подигнува границата и овозможува побрз напредок кон нула емисии и поправеден, поздрав свет. Со изборот на Зоетевоунде, „Хајнекен“ја нагласува својата посветеност кон Холандија и придонесува за одржување на Холандија како технолошки лидер во прехранбената индустрија, изјави Долф ван ден Бринк, претседател на Извршниот одбор и Извршен директор на „Хајнекен“.

Центарот се очекува да биде отворен кон средината на 2025 година.

Извор: Instore.rs

Фото: „Хајнекен“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...