Компанијата „Лидл“ ги најави плановите за лансирање на садови за продажба на риба во рамките на својот асортиман од приватните трговски марки, кои ќе бидат изработени од 80% рециклирана пластика ( rPET).
Употребата на садови направени главно од рециклирана пластика не само што помага да се намали отпадот, туку и се спречува овие материјали да завршат во животната средина, велат од компанијата.
Компанијата проценува дека со овој потег ќе избегне производство на 2.116 тони пластика годишно.
Оваа иницијатива е дел од глобалната стратегија за одржливост на „Лидл“, „РЕСет пластик“која се спроведува од 2017 година. Како дел од стратегијата, компанијата е посветена да обезбеди до 2025 година 100% од нејзината амбалажа да се рециклира и дека 25% од пластиката што се користи во целата палета на производи ќе се рециклира.
Во „Лидл“,сме посветени на оптимизирање на нашето пакување, постојано барајќи одржливи алтернативи кои го зачувуваат квалитетот и безбедноста на нашите производи, рече Михаела Рајшл, директор за корпоративна општествена одговорност во „Лидл“.
Во последните седум години, компанијата ја намали употребата на пластика во своите корпи за 30%, а исто така беше еден од првите трговски синџири кои ги елиминираа пластичните кеси за пазарење во своите продавници. Покрај тоа, дисконтот лансираше и 100% rPET пакување за водата од приватната трговска марка, заштедувајќи 185 тони чиста пластика годишно.
Извор: InStore.rs
Фото: „Лидл“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.