Свет

Русија: „Магнит“ ја отвори првата франшизна продавница

17 Oct 2024

Руската компанија „Магнит“ соопшти дека ја отвори првата франшизна продавница во рамките на својата продажна мрежа. Се работи за продавницата „Магнит Косметик“ во селото Первомаиское, во Ленинградската област.

Продавницата е отворена во рамките на ажурираниот концепт на трговски синџири со кој се предвидува модерен дизајн и погодна организација на малопродажниот простор, се наведува соопштението на компанијата.

 Новата продавница се протега на површина од 206 квадратни метри, на потрошувачите им се нуди асортиман од 8.500 производи, вклучувајќи производи од категориите козметика, производи за домаќинството и парфеми.

Партнерот на фрашнизата кој што е одговорен за оперативното управување со работата, во првата половина од 2025 година планира отворање на нови франшизни продажни места под брендовите „Магнит“ во различни формати.

Не случајно „Магнит косметик“ стана нашата прва франшизна продавница. Овој формат е пофлексибилен во однос на поставките и модификациите на ИТ системот и бара помалку инвестиции во споредба со другите формати. Очекуваме „Магнит косметик“ да биде еден од најпопуларните формати за партнери за франшиза. Во исто време, нашиот прв партнер за франшиза има сериозно искуство во областа на малопродажба на храна и ресторани, па уверени сме дека ќе може успешно да управува со продавниците и форматите на „Магнит“ поврзани со храната. Во моментов заедно се подготвуваме за отворање на нови продавници за малопродажба. „Магнит“ ги продолжува преговорите со други потенцијални партнери, изјави Анатолиј Макаров, директор за развој на мрежата, недвижен имот и работење на трговскиот синџир „Магнит.“

 

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Магнит“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...