Свет

Франција: „Данон“ ја отстранува на пијалаците ознаката „Нутри скор“

20 Sep 2024

„Дадон“ соопшти дека постепено ќе ја отстранува ознаката „Нутри скор“ на своите млечни и растителни пијалаци.

Од компанијата посочуваат дека  со користењето на оваа ознака за производите како што се млечните напитоци кои се класифицираат како безалкохолни, овие производи се споредуваат по нутритивната вредност со другите производи од оваа категорија што дава „искривена слика“ за нивната нутритивна вредност. Па така, млечните производи како напитоци можат да добијат оценка од А до С, додека истите производи во верзија на каша добиваат оценка А.

Со оглед на ваквите недоследности одлучивме постепено да ја отстраниме ознаката „Нутри скор“ на нашите млечни и растителни пијалаци, соопштуваат од „Данон“.

Ознаката „Нутри скор“ е смислена за преку помош на бојата се насочат потрошувачите во изборот на здрава храна, засега оваа ознака е воведена во Белгија, Франција, Луксембург, Германија, Шпанија и Швајцарија, а ја користат и компании од Србија.Според „Ретаил детаил“, во Европа и натаму има противници на ваквото означување на производите.Употребата на овие ознаки не е задолжителна, производителите ја користат доброволно.

 

Извор: RetailDetail



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...