Свет

Австралија: „Алди“ е прогласен за најдобар супермаркет

13 Sep 2024

За време на доделувањето на наградите „Канстар блуе ануал кустомер авардс“, четврта година по ред „Алди“ е на првото место во категоријата на супермаркети кога се работи за купување на овошје и зеленчук.

Компанијата доби пет ѕвездички во три од пет категории во кои се натпреварувала, а тоа се категориите за „свежина на производите“, „вредност за парите“ и „целосно задоволство“.

Освојувањето на оваа награда навистина покажува дека кај „Алди“ ниските цени можат да значат и свежина. Навистина сме горди што австралиските купувачи продолжуваат да го оценуваат нашето овошје и зеленчук како најдобро, а тоа е одраз на напорната работа и континуираната конзистентност на нашите австралиски производители. Нашите блиски партнерства со локалните одгледувачи ја прават разликата. Со 97% од нашето овошје и зеленчук добиени од австралиски фарми, ние обезбедуваме нашите купувачите да ги добиваат најсвежите производи секогаш кога купуваат. Од фарма до продавница, ние сме посветени на испорака на врвен квалитет со исклучителна вредност, изјави Мет Атли, директор за категоријата овошје и зеленчук во „Алди.“

Компанијата, неодамна ја освои наградата за најзадоволни купувачи, која ја доделува „Канстар блу“за најдобар супермаркет во Австралија седма година по ред, како и наградата за супермаркет на годината од „Рој Морган“, која компанијата ја освои четврта година по ред.

 

Извор: InStore

Фото: „Алди“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...