Свет

Германија: Супермаркетите имаат недостиг од работна сила

12 Sep 2024

Синџирите  на супермаркети во Германија бараат илјадници нови вработени за одделите  со месо, сувомеснати производи или сирење. Во моментов има околу 4.600 слободни работни места на страницата за вработување на компанијата „Едека“, додека кај „Реве“ има повеќе од 3.400 слободни работни места.

Пред сѐ, има очајна потреба од месари и продавачи специјализирани за месни производи, изјави извршниот директор на Сојузното здружение за германска трговија со храна, Филип Хенеркес, пренесува „ДПА“.

Потребата од овој кадар расте со години. Супермаркетите се разликуваат од дисконтите токму поради нивните месарници и сувомесни производи, истакна Хенеркс.

„Едека“ ги отфрли информациите дека ќе ги затвори оделите за свежо месо. Поради недостиг на работници во овој сектор се вработуваат почетници, особено за месари, не само од Германија, туку и од Индија.

Извор: INB2B Media

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...