Свет

Еврозона: Пад на инфлацијата во август

03 Sep 2024

Годишната инфлација во Еврозоната во август 2024 година изнесува 2,2%, што е намалување од 0,4% на месечно ниво, покажуваат прелиминарните податоци на статистичката служба на Европската Унија, „Евростат“.

Августовската стапка на инфлација беше исто така најниска од јули 2021 година и во согласност со очекувањата на аналитичарите.

Гледајќи ги главните компоненти на инфлацијата, најголем пораст забележаа услугите со месечен пораст од 0,1% до 4,2%, потоа храната, алкохолот и тутунот со пораст од 0,1% до 2,4%.

Најголем месечен пад бележат енергијата (-3,0%, наспроти 1,2% во јули) и неенергетските индустриски производи (0,4%, наспроти 0,7% во јули).

Пад на инфлацијата во август забележаа и двете најголеми економии од Еврозоната. Во август Германија забележа инфлација од 1,9%, по јулските 2,3%, додека во Франција е забележан пад од 0,5% до 2,2%.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...