Швајцарскиот производител на чоколада „Бари Калебаут“ соопшти дека ја прекинал работата на една од своите фабрики во Мексико, откако после тестирањето открил дека производството во неа не ги исполнува стандардите за квалитет на компанијата.
Портпаролот на компанијата во изјава за „Ројтерс“ истакнал дека компанијата работи на воведување на корективни мерки за решавање на проблемот.
Како дел од рутинските контроли идентификувавме случај во една од нашите мексикански фабрики кој не ги исполни нашите стандарди. Поради превентивност го запревме производството во неа и веќе спроведуваме корективни мерки, соопштуваат од компанијата.
На прашањето во врска со информациите за доцнење во испораките поради прекинот на производството, компанијата соопшти дека се во тек дискусии со клиентите за да се обезбеди испорака користејќи други инсталации во Северна Америка.
Во јуни 2022 година, производителот на чоколада го прекина производството во својата фабрика во Визе, Белгија, како мерка на претпазливост по откривањето на салмонела во една од производните серии на фабриката. Производството во оваа фабрика потоа продолжи во август 2022 година. Се проценува дека овој инцидент го чинел производителот 77 милиони долари.
Извор:„Ројтерс“
Фото: „Бери Калебаут“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.