Германските потрошувачи споредено со другите граѓани од земјите членки на ЕУ најмалку трошат на храна, медицински услуги и нега.
Уделот во овие трошоци минатат година бил за 13,4 отсто помал отколку во останатите земји членки на ЕУ, покажуваат податоците на Институтот за истражување на пазарот „Никју“.
Просечните примања во Германија се високи. Покрај тоа, конкуренцијата во малопродажбата на храната е посилна од каде и да било на друго место, со што се намалуваат цените. Иако неодамна цените пораснаа поради високата инфлација, сѐ уште се релативно ниски, изјави Филип Војтек, експерт за малопродажба.
Потрошувачите посветуваат се поголемо внимание на цените и почесто користат попусти. Според податоците на Институтот, Германија бележи најголем пораст во Западна Европа во купувањето во дисконтите со пораст од 14 отсто.
Ако ги споредите вкупните пари кои луѓето ги трошат во продавниците, Германија е на последното место.
Поради зголемената куповна моќ, домаќинствата во Германија се помал дел од своите приходи го трошат на храна, облека и други стоки, изјави Војтек. Од друга страна трошоците за домување и енергенси се поголеми. Покрај тоа, се повеќе пари се трошат на услуги и активности во слободното време, а повеќе се издвојуав и за штедење и финансиски инвестиции.
Извор: INB2B Media
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.