Според најновите податоци на „Евростат“, земјите на членки ЕУ во 2023 година произвеле 34,3 милијарди литри пиво, вклучувајќи 1,8 милијарди литри пиво што содржи помалку од 0,5% алкохол или без алкохол.
Исто така, податоците покажуваат дека производството на пиво во ЕУ паднало за 5%, или 1,7 милијарди литри во однос на 2022 година. Производството на безалкохолно пиво е зголемено за 13,5% во однос на претходната година или за 0,2 милијарди литри.
Германија ја задржа водечката позиција во ЕУ, како земја која произведува 7,2 милијарди литри алкохолно пиво, што е 22,3% од вкупното производство во ЕУ.
На второто место се искачи Шпанија со 4 милијарди литри (12,4% од вкупното производство во ЕУ), а потоа следат Полска со 3,5 милијарди (10,8%), Холандија со 2,4 милијарди (7,5%) и Белгија со 2 милијарди литри (6,3%).
Во претходната година, Холандија беше најголемиот извозник на алкохолно пиво во ЕУ со 1,8 милијарди литри, што претставува 21,5% од вкупниот извоз на пиво од земјите на ЕУ. Сепак, во споредба со 2022 година, ова претставува намалување на извозот на пиво за 0,1 милијарди литри.
Потоа следат Германија и Белгија (и двете извезле по 1,4 милијарди литри), Чешка и Ирска (по 0,5 милијарди литри).
Франција беше најголемиот увозник на алкохолно пиво со 0,9 милијарди литри, што претставува 17,1% од вкупниот увоз на ЕУ (внатре и надвор од ЕУ).
Други големи увозници беа Италија со повеќе од 0,7 милијарди литри, а Шпанија, Холандија и Германија увезоа по приближно 0,6 милијарди литри.
Извор: esmmagazine
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.