Свет

Франција: Олимписките игри ја зголемија потрошувачката

09 Aug 2024

Потрошувачката за храна и намирници се зголемила за 42 отсто во Париз за време на првиот викенд од Олимписките игри, покажаа новите податоци на „Виза“.

„Виза“, која што  е главен спонзор и на Олимписките и на Параолимписките игри, сподели податоци за моделите на трошење на потрошувачите во пресрет на игрите и откри дека малите бизниси забележале раст на продажбата за 26% на годишно ниво во текот на првиот викенд на најголемиот спортски настан во светот, односно од 26 до 28 јули.

Значително зголемување на потрошувачката е забележано во театрите и музеите (+159%), рестораните (+36%), другите малопродажби (+21%) и забавата (+18%), соопшти Visa.

Покрај тоа, најголемиот удел од странските потрошивачи во текот на првите денови на Олимпијадата дојде од сопствениците на картички од САД (29%), а значително зголемување на трошоците беа забележани и кај оние од Бразил (+33%) и Јапонија (+129%) ).

Нашите најнови податоци покажуваат значително зголемување на потрошувачката кај сопствениците на  Visa картички за време на викендот на свеченото отворање. Посебно сме задоволни што гледаме зголемување на потрошувачката кај   француските мали бизниси, откако им помогнавме да се дигитализираат на 13 милиони во последните четири години низ Европа, изјави Шарлот Хог, главен извршен директор на „Виза Јуроп“.

Потрошувачката се зголемила и во другите француски градови кои се домаќини на Олимпијадата  и тоа : Сент Етјен (+214%), Лил (+100%) и Марсеј (+38%).

Другите бројки од првиот викенд покажаа дека 78% од меѓународните купувања во Париз биле бесконтактни, што е за 9% повеќе во однос на претходната година.

 

Извор: esmmagazine

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...