Свет

Германија: Пад на продажбата на пиво и покрај Европското фудбалско првенство

07 Aug 2024

Жедта за пиво во Германија не ја поттикна ниту Европското фудбалско првенство. Според најновите статистички податоци, во првата половина од годината, со вкупно 4,2 милијарди литри, домашните пиварници продале 0,6 отсто помалку пиво отколку во првата половина на 2023 година.

Само на домашниот пазар, продажбата на годишна основа е значително намалена, за 0,9 отсто на 3,4 милијарди литри.

Германија беше домаќин на Европското фудбалско првенство, но по благиот пораст на два месеца пред почетокот на првенството во средината на јуни, продажбата за време на самиот првенството беше послаба во споредба со претходните 12 месеци  

Имено, јуни со продажба од 777 милиони литри пиво беше најслаб од 1993 година. Германското здружение на пивари делумно ја препиша слабата продажба на нестабилното време.

Променливите температури и честите бури за време на Европското првенство ставија кочница на бизнисот на многу кафулиња и откажаа многу забави на отворено, рече директорот на здружението, Хорст Ајкеле  

Статистиката не го опфаќа безалкохолното пиво кое со годините добива на значење.

Со повеќе од 800 видови безалкохолно пиво и пазарен удел од осум проценти, Германија е на самиот врв на светот.

Наскоро секое десетто пиво произведено во Германија ќе биде безалкохолно, рече Ајкеле.

Извор: ДПА

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...