Компанијата „Марс“ во чиј асортиман на производство се познатите чоколада Mars и Snickers, како и бонбоните M&M’s, ја истражува можноста за аквизиција на „Келанова“ која производител на познатите грицки Cheez-It и Pringles.
Овој договор би бил еден од најголемите во историјата на секторот за пакувана храна со оглед на тоа што вредноста на „Келанова“ е околу 27 милијарди долари ( вклучувајќи го и долгот) и тој би бил тест за апетитите на регулаторите дали ќе допуштат консолидација во секторот, пренесува „Мина“.
Акциите на „Келанова“ пораснале за 20 отсто, откако минатата година во октомври се одвои од компанијата „ВК Келог“, но и натаму тргува со дисконтот во однос на некои конкуренти како што се „Херсеј“ и „Монделез интернешнл“, што ја прави потенцијална мета за аквизиција.
Не е сигурно дека „Келанова“ ќе случи договор со „Марс“ , од компанијата одбиваат да ја коментираат потенцијалната аквизиција, a претставниците на „Марс“ не дале одговор на овие информации.
Минатата година „Ј.М. Смукер“ го купи производителот „Твинкес хостес брандс“ за 5,6 милијарди долари, а со договор се обединија двајцата најголеми производители на грицки.
Меѓутоа, тоа е многу помалку од големото спојување на „Хајнц“ и „Крафт“ пред десет годони, а американските антимонополски регулатори беа загрижени од таквите трансакции кои доведуваат до повисоки цени и помал избор за потрошувачите.
Според статистиката на министерството за земјоделство на САД, цените на храната пораснале за 25 отсто помеѓу 2019 и 2023 година, побрзо од другите потрошувачки стоки и услуги.
Оваа аквизиција би била најголема досега за „Марс“, после преземањето на операторот со ветеринарните болници „ВСА“ во 2017 година кое изнесуваше 9,1 милијарди долари.
„Марс“ која е со седиште во Меклејн во Вирџинија, преку аквизиции настојува да направи диверзификација на својата работа. Таа е во сопственост на потомците на основачот на компанијата, Френк С. Марс и од продажба остварува околу 47 милијарди долари. Компанијата функционира во три дела: „Марс петкер“, „Марс снакинг“ и „Марс фуд нутришн“.
Извор: biznis.rs
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.