Свет

Франција: „Данон“ ги надмина очекувањата за вториот квартал

05 Aug 2024

Компанијата „Данон“ во вториот квартал остварила пораст на обемот на продажбата за 2,9%, со што ги надмина очекувањата на аналитичарите за пораст од 2,1%.

Продажбата на компанијата во овој период пораснала  за 4%, која била поттикната од зголемениот обем и достигнала вредност од 6,94 милијарди евра, што, исто така е над очекувањата на аналитичарите за раст од 3,7%.  

Во овој период компанијата ги зголемила цените за 1% што е помаку од зголемувањето во претходниот квартал од 2,9%.

Оперативниот профит во овој период достигнал 1,75 милијарди евра, што е над очекувањата на аналитичарите за профит од 1,73 милијарди евра, додека оперативната маржа изнесува 12,69%, што е незначително над маржата од 12,60% која ја очекувале аналитичарите.

Компанијата ја задржа својата прогноза за пораст на продажбата за оваа година помеѓу 3% и 5%.

 

Извор: ESM magazine

Фото: „Данон“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...