Свет

Франција: „Данон“ ја интегрира ВИ во својата работа

29 Jul 2024

„Данон“ ја најави соработката со „Мајкрософт“ на интеграција на ВИ во својата работа.

Како дел од оваа соработка ќе биде формирана академија, која ќе им помогне на вработените во француската компанија да ги усовршат своите вештини во управувањето со алатките кои се засновани на ВИ.

Нашата соработка со „Мајкрсофот“ ќе го забрза нашиот процес на трансформација со ВИ, нудејќи  ни алатки, технологија и стручност во истражувањето на новите граници во анализата на податоци, оперативната ефикасности ангажирањето на потрошувачите. Соработката не се фокусира само на технологијата, туку и на негувањето на културата на континуирано учење и иновации, изјави Јурген Есер, заменик извршен директор за финансии и технологија во „Данон“.

Од компанијата објаснуваат дека преку партнерство со „Мајкрософт“ и со другите институции, „Данон“ сака да изгради деловно опкружување кое ја поттикнува соработката и иновациите, подготвувајќи ја компанијата за идните предизвици.

На почетокот, партнерството на компаниите ќе биде фокусирано на интеграција на ВИ во синџирот на снабдување на производителите, со цел да се подобри оперативната ефикасност. Покрај тоа, соработката ќе се разива во развојот на вештините на вработените во одделите за набавка, производство и дистрибуција во донесувањето на одлуки заснова на податоците од ВИ.

Моментално околу 50.000 вработени во „Данон“ ги користат алатките како „Мајкрософт копилот“ во секојдневната работа.

 

 

Извор: FoodBev

Фото: „Данон“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...