Според објавените податоци, годишната стапка на инфлација во Франција во јуни е ревидирана на 2,2 отсто, од првичната проценка од 2,1 процент.
Француската статистичка агенција „Инсе“ објави податоци дека бројката е намалена од 2,3 отсто колку што инфлацијата изнесувала во мај.
За благиот пад на вкупната инфлација придонел растот на цените на енергенсите (4,8 отсто во јуни наспроти 5,6 отсто во мај), на нафтените деривати (0,7 спрема 2,9 отсто) и храна ( 0,8 спрема 1,3 отсто), пренесува „Анадолу агенси“.
На месечно ниво, францускиот индекс на потрошувачки цени пораснал за 0,1 отсто во јуни, откако во мај немаше промени.
Според процените на „Еуростат“, годишната инфлација во еврозоната во јуни изнесувала 2,5 отсто, што е благ пад однос на еден месец претходно кога изнесувала 2,6 отсто.
Меѓу членките на еврозоната, најголем пораст на инфлацијата има во Белгија, каде што достигнала до 5,5%.
Извор: Biznis.rs
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.