Свет

Германија: Околу 11 отсто од компаниите нудат четиридневна работна недела

08 Jul 2024

Според извештајот од Институтот за економски истражувања „Ифо“ од Минхен, околу 11 отсто од германските компании на вработени им нудат четиридневна работна недела.

Како што се наведува во извештајот, само два отсто од компаниите во Германија планирале да воведат четиридневна работна недела, 19 отсто разговараат за нејзиното воведување, додека 38 отсто од компаниите не се занимаваат со оваа тема, а 30 отсто тврдат дека ваквото скратување на работната недела е невозможно за нив.

Моделот на четиридневната работна недела е најприфатлив кај малите компании кои имаат до  50 вработени, а кај големите компании со над 500 вработени, овој процент е двојно помал и изнесува седум отсто.

Германските компании навеле  кои се позитивните ефекти кои се очекуваат од четиридневната работна недела.

Приближно 37 отсто навеле дека не очекуваат никакви позитивни ефекти, додека 35 отсто очекуваат дека овој потег ќе ги задржи постојните вработени, 32 отсто навеле поголема мотивираност на вработените, 26 отсто очекуваат помалку отсуства од работа, а исто толкав процент очекуваат дека на овој начин ќе се привлечат на нови кандидати за работа.

Осум отсто од компаниите очекуваат зголемување на продуктивноста, а три отсто очекуваат намалување на трошоците.

Сепак, компаниите сметаат дека воведувањето на четиридневната работна недела ќе донесе и многу предизвици.

За 59 отсто главен проблем е недостигот на работници, 52 отсто наведуваат дека ќе имаа компликации во организацијата на работа, 40 отсто сметаат дека оваа мерка би го намалила просперитетот на целата економија, 37 отсто очекуваат пад на ефективноста на производството, а 18 отсто сметаат дека ќе се намали квалитетот на работа.

 Извор: Euronews.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...