Свет

Велика Британија: „Карслберг“ го купува „Бритвик“

08 Jul 2024

„Карлсберг АС“ постигна договор за преземање на британскиот производител на безлакохолни пијалаци „Бритвик Плц“. Постигнатиот договор е во вредност од 3,3 милијарди фунти.

Данскиот производител на пиво понуди 1,315 пени по акција, за да го прошири своето присуство на британскиот пазар надвор од секторот „пиво“. Одборот на „Бритвик“ ја поддржува понудата,пренесува „Блумберг“.

Претходно, „Карлсберг“ дал две понуди од 1.200 пени и 1.250 пени по акција, кои биде одбиени од „Бритвик“.

 Историјата на „Бритвик“ допира во далечната 1930 година, а денес тоа е глобална организација со повеќе од 35 брендови, вклучувајќи ги J2O и Robinsons, кои се продаваат во над 100 земји.

 Новата понуда на „Карлсберг“ доаѓа откако „Пепсико“ кој има договор за полнење со двете компании, прифати да се одрече од клаузулата од својот договор со „Бритвик“ за промена на контролата, која што би можела да биде пречка за склучување на договор.

 Од „Карлсберг“ соопштуваат дека нивниот интерес за „Бритвик“ е согласно со нивната стратегија која беше најавена во февруари и во која се предвидува проширување надвор од пазарот за пиво.

Извор:biznis.rs

Фото: „Карлсберг“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...