Свет

Велика Британија: „Теско“ воведува кодови со информации за производите

03 Jul 2024

Компанијата „Теско“ ќе воведе кодови на пакувањата за потрошувачите да може да имаат повеќе информации за производите.

Овој проект „Теско“ го лансира во соработка со компанијата „ГС1“ со цел да ја надмине „ограниченоста“ на хартиените декларации, објаснуваат од компанијата.

Од компанијата додаваат дека потрошувачите ќе можат да ги скенираат кодовите со помош на мобилните телефони.

Задоволство ни е што соработуваме со „ГС1“ со цел да ги истражиме потенцијалните предности на QR кодовите за купувачите и за нашето работење. Знаеме дека нашите потрошувачи ги сакаат можностите за пристап кон детални информации за производите преку своите телефони и со тоа да најдеме решение за намалување на отпадоците и ефикасно следење на производите во нашиот синџир на снабдување. Кодовите ќе ни помогнат да одговориме на овие предизвици и да преземеме чекори за да сме подготвени за оваа транзиција, изјави Мат Ринд, директор на синџирот за набавка и развој во „Теско“.

 Компанијата „ГС1“ работи на проек за тестирање на QR кодови кои вклучуваат над 50 брендови во кои се вклучени компаниите како „Пепсико“, „Волмарт“, „Амазон“ и други. Проектот се очекува да биде завршен до 2027 година.

 

Извор: Grocery Gazette

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...