Свет

Данска: Владата воведува данок за крави и свињи поради емисиите на метан

28 Jun 2024

По неколкумесечни   преговори, данската влада се договори со фармерите, производителите и еколошките групи од 2030 година  да ги оданочува емисиите на метан кои ги произведуваат домашните животни, како што се кравите, свињите и овците. 

Ќе бидеме првата земја во светот која ќе воведе вистински дано на СО2 во земјоделството. Другите држави ќе бидат инспирирани од тоа, изјави Џепе Брус, министер за даноци.

Данска, која што има за цел да ги намали емисиите на гасови до 70%, одлучи нејзината цел да биде метанот кој го емитуваат кравите, свињите и овците.

 Поради системот на варање на храната или синтетичките ѓубрива кои се содржани во тревата која што ја конзумираат, преживарите произведуваат 11 отсто од глобалните емисии на гасови кои се одговорни за ефектот на стаклена градина.

Одлуката на данската влада која што парламентот треба да ја одобри без поголеми тешкотии би ги оданочувала земјоделците до 300 дански круни или 40,22 евра по еден тон емитуван СО2.

За да се олесни адаптацијата на фармите на новиот данок ќе бидат воведени субвенции.

 

 

 

 

 

 

Извор: Bankar.me

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...