Свет

Белгија: Извозот на пиво е намален за 7,5% во 2023 година

18 Jun 2024
Потрошувачката на пиво во Белгија падна за 5,8% во 2023 година, додека извозот падна за 7,5% поради предизвикувачките економски и деловни услови, покажуваат најновите податоци на Здружението белгиски пивари.
 
Минатата година во земјава беа отворени 23 нови пиварници, додека 36 беа принудени да ги затворат вратите. Вкупниот број на пиварници во овој период е намален од 430 на 417.
 
Овие производители на пиво, кои поседуваат околу 1.600 брендови на пиво, инвестирале повеќе од 250 милиони евра во 2023 година.
 
Кога станува збор за потрошувачката на пиво, минатата година во Белгија се потрошени околу 6,5 милиони хектолитри пиво, што е пад од 5,8%. Сепак, овој пад сам по себе не е ништо ново за секторот, имајќи предвид дека потрошувачката на пиво во земјава е во опаѓање повеќе од 20 години, забележуваат од здружението.
 
Како што објаснуваат од здружението, во минатото, овој пад на потрошувачката најмногу го апсорбирале пиварниците преку извозот. Сепак, во 2023 година, извозот се намали за првпат во историјата.
 
Пиварниците го припишуваат падот на извозот на конкурентноста, која беше под притисок од зголемените плати и трошоците за енергија.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...