Компанијата „Кока – Кола“ најави нова инвестиција во своите деловни капацитети во Кенија.
Во следните пет години компанијата ќе инвестира 175 милиони долари, при што вкупниот износ ќе зависи од тоа дали компанијата ќе ги оствари своите очекувања од поставените цели за раст за тој период.
„Кока – Кола“ е составен дел од кенискиот пејсаж над 75 години. Возбудени сме што денеска можеме да соопштиме дека нашата цел е да го засилиме ова присуство преку значајна инвестиција. Оваа инвестиција има за цел да го забрза проширувањето на капацитетите и можностите на системот на „Кока – Кола“ во следните пет години. Нашата одлука да инвестираме го акцентира нашето уверување во долгорочниот потенцијал на кениската економија, изјави Сунил Гупта, извршен директор на компанијата „Кока – Кола бевереџес Африка“.
Од компанијата соопштуваат дека во источниот дел на Африка директно вработуваат 10.000 луѓе, а покрај тоа компанијата работи со над 500.000 микро, мали и средни претријатија од Кенија и од тој дел на Африка.
Оптимисти сме и целосно сме посветени во иднината на Кенија. Предвидуваме голем општествен и економски напредок и затоа продолжуваме да инвестираме во нашето работење во Кенија, како и во програмата која ќе помогне за зајакнување на просперитет во земјата, изјави Луиса Ортега, претседателка на афричката управна единица на компанијата „Кока – Кола“.
Извор: FoodBev
Фото: „Кока – Кола“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.